скриен (прид.) - мисла (имн.)

Секоја скриена мисла, нов почеток. Почеток на некаква УТОПИЈА. Совршена, непостоечка, замислена, неостварлива.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И ете, тука, една скриена мисла, најскриена мисла ја пронижуваше, како струја, право во срцето - зошто толку долго време, Хелвиг не сакаше таа да забремени?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А мајката Перса како да ѝ ја чита скриената мисла, проговорува Златна на баба, ја имаш среќата да учиш на јазикот на мајка ти!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во последните денови, од онаа ноќ кога го слушна нивното завивање преку Гола Глава, тие беа негова скриена мисла и постојан страв.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И денес забележав како Ратка му потурува на Пандила да си измие раце и како тој не го крена погледот кон неа, не знам, дали од срам или од почит, или пак заради некоја скриена мисла и тајна желба.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тогаш оние придојдените и оние што не стигнаа да се напикат во некоја отворена уста на црните вагони, си ги задскрија тупаниците од зад грб и назадечки го отвораа кругот околу вагонот со скриена мисла во главите дека уште веднаш треба да се спотнат огновите за да не ги угасне денот и сонцето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)