скриен (прид.) - насмевка (имн.)

- Велиш домаќинката висока, со долг нос и скриена насмевка, а мажот носеше пиштол? - Така... - Ги знам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Што е водена со ќумци, и тоа оддалеку е водена, та ако го разберат ова агите – отидоа децата – почна да се жали бабата и да го гледа некако сомнително калуѓерот, на чие лице јасно се покажа задоволство, а на устите скриена насмевка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- На слици, ми вели капетан Мирковиќ, ако имаш слика во џебот, вели, и некоја скриена насмевка му ги поткрева мустаќите. Му ги подраширува образите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)