скриен (прид.) - некаде (прил.)

Не оставај ме сам зашто погледот има свои соништа, а заборавот свои сенки, скриени некаде во точката на постоењето.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Тикви нашле, иако се кажува дека биле скриени некаде во некои подалечни, другоселски населби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секој што знаеше дека некој документ е за уништување, или кога ќе забележеше парче фрлена хартија на подот, автоматски го креваше капакот од најблиската дупка за сеќавање и го фрлаше во неа, од каде струјата топол воздух ќе го зафатеше и ќе го однесеше до огромните печки скриени некаде во длабочините на зградата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зафати водата полека да истечува, да се впива во земјата, да се повлекува од дворовите, да ги ослободува заробените куќи, луѓето, добитокот; се покажа виножитото, па и тоа како да шумкаше колку што можеше, задува ветер, па и тој започна да ја суши земјата; излезе и сонцето од облаците, па и тоа почна да ја цица земјата; излегоа луѓето од куќите како од Ноевиот ковчег, се бацуваа што го преживеаја овој потоп, оваа несреќа; се јавија и птиците што беа скриени некаде, се нафрлија да клувкаат на сѐ што ќе видеа за јадење; се грабеа, се биеја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)