скршен (прид.) - слика (имн.)

Второ доаѓање 1. (модерато иронично) Дваесет века во болка и страв постојана параноја и прав предавства, крв и хипокризија која ни е следната визија? (модерато сериозно) Да го поправиме портретот на нашиот отец-Бог да го дотераме и нашминкаме стариот транс-свест-(ид) да го сместиме на Ова буниште за убави уметности и плагијати депонија за скршени слики и да му смислиме нов кон-текст игра - икра - искра - знак - идеја што никогаш нема да ја извалка и оплоди па тогаш да го видиме: (реторски) со каква мудрост ќе се пофали над и каква свест ќе ни подари под или со нова итроштина ќе нé подмири ќе нè расплаче и пак ќе нé смири? 90 okno.mk Второ доаѓање
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
2. Io, Io!!! ова е окото Погледнете го ве молам раѓањето од ферментација на купишта скршени слики што никој не ги сфаќа сериозно погледнете го раѓањето ве молам Афродита (онака дрочна никогаш несилувана шуплива ко јалова школка а убава но морално подбивна) надоаѓа од периферијата кон центарот на овој неподвижен свет во ова време разјадено од премногу иронија да ни го расплаче мајчето да ни го згорчи лепчето и да нѐ подои со античка свежест Ова е окото Io, Io!!!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)