слаб (прид.) - е (гл.)

Слаб е, им рече. Не се сетија да му речат дека е ластарест и молчеа. И нема заби; им рече. Заби?...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но тие солзи не беа солзи на слабост, туку солзи на гнев, што можеби е исто, оти слабиот е гневен и помни; помни сѐ додека не се одмазди.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Штом ќе тргне две чаши, се губи... Слаб е на пиење...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)