слаб (прид.) - материјал (имн.)

Маргерит Јурсенар, како вистински картезијанец, оваа традиција на жртвување, за спасување на градбите од урнување од митски сили, ја толкува како резултат на слабиот материјал на големите градби!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во записникот вештото лице наведе дека куќата е 12,50 на 9,30 м., градена од слаб материјал: приземјето од камен, со малтер од кал, а катот од плит; меѓутаванската конструкција, таванската и покривот се дрвени - со костенови и јасикови стебла; на секој метар во висина, ѕидовите на куќата се опшиени со дрвени појаси, покривот е четвороводен со турски керамиди; олуци нема; на горниот кат одаите и претсобјето се послани со под од штици на ”перо” и жлеб; долниот кат на куќата е послан со набиена глина помешана со слама; претсобјето ”конкот”, во долниот кат е циментиран; куќата внатре е малтерисана; вратите, прозорците и скалите се дрвени; куќата има пукнатини (хоризонтални и вертикални); на северниот ѕид однадвор можат да се уоачат пукнатини и тоа на ширина од 1,30, па 2,70 и 3,90 метри, мерено од североисточното ќоше; на источниот ѕид има пукнатина на 3,30 м., мерено од источното ќоше, и на западниот ѕид на широчина од 1,50, потоа 2,40 и 4,00 м., мерено од северозападното ќоше; должина на пукнатините се од 0,30 до 4,00 м., а широчината на пукнатините од 20 до 30 мм.; внатре исто така се забележуваат вертикални и хоризонтални пукнатини во сите простории.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)