сладок (прид.) - смрт (имн.)

Се гледа јасно како едното се распарува, чуден распар и полутката е далечен сон пред него па табу па таен копнеж па опседнатост па нова причина за преселби пуста желба, утопија се топи во свеста како грутка шербет слатка смрт !
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не знаеше колку веќе чекори вака – откако сфати дека беше заспал, се трудеше да оди и да остане буден, оти знаеше дека слаткиот сон на овој студ не е ништо друго туку слатка смрт.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)