сладок (прид.) - и (сврз.)

Се крена топла пареа. Сладок и пријатен мирис се рашири низ куќата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Чоколадите што му ги даваат на братчето ќе ги згорчува секогаш, а потем пак ќе ги прави слатки и тој ќе ги јаде.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Милувам, да ти е секоја вечер слатка и срцето да ти пее како пролетна песна!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Зар може да не има милост кон оваа слатка и убава невиност?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Слаткиот и миризлив сок во него предизвикува неопишано помрачување. Усните му се црвени, а прстите се лепат од густиот сок.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пред тој да дојде - ме уби веста за мојата смрт?“ Не знаеја дека е буден и се збунија, покајнички и смерно, како пред семожен исповедник, намалувајќи се, обајцата до тој миг занесени само со една слатка и којзнае од кога недоживеана љубовна игра.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Толку е сладок и вкусен што човек не може да не касне малку...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
КОСТАДИН: (Ја пушта). Ех, Симке!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)