следен (прид.) - автор (имн.)

- Во ова издание се застапени следните автори: американскиот писател Едгар Алан По (1809, Бостон - 1849, Балтимор); руските писатели Николај Василевич Гогољ (1809, Сорочинти - 1852, Москва) и Антон Павлович Чехов (1860, Таганрок, Русија - 1904, Баденвалер, Германија); О'Хенри / родено име Вилијам Сидни Портер (1862, Гринсборо - 1910, Њујорк) од САД; Луиџи Пирандело од Италија (1867, Сицилија - 1936, Рим); Џемс Џојс од Ирска (Даблин, 1882 - Цирих, 1941); Франц Кафка (1883, Прага, Австро-Унгарија - 1924, Виена, Австрија); Рјуносуке Акутагава од Јапонија (1892 - 1927); Иво Андриќ (1892, Долац - 1975 Белград) од Босна и Херцеговина, Михаил Зошченко од Русија (1894, Петербург - 1958, Ленинград); Хорхе Луис Борхес од Аргентина (1899, Буенос Аирес, Аргентина - 1986, Женева, Швајцарија); Маргерит Јурсенар, од Франција (1903-1989); Дино Буцати, од Италија (1906, Белуно - 1972, Милано); Хулио Кортасар, од Аргентина (1914-1984); Хајнрих Бел, од Германија (1917, Келн - 1985, Бон); Габриел Гарсија Маркес од Колумбија (1928, Аракатака), српскиот писател Милорад Павиќ (1929, Белград - 2009, Белград), македонските писатели Петре М. Андреевски (с. Слоештица, демирхисарско, 1934 - 2006) и Крсте Чачански (с. Драслајца, струшко, 1949, Струга 2003)
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)