следен (прид.) - утро (имн.)

Следното утро замина за Монастир да побара адвокат и во судот да ја отвори постапката за наследството според договорот за догледување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
XXXIX Следното утро, Климент Камилски дојде кај Татко многу порано од обично.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Преку преведувачот, Американецот ги изрази своите желби, но не доби никаков одговор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓутоа, многу рано следното утро на телефон го повика самиот старешина, за кого се покажа дека говори совршено англиски, и рече дека не само што Американецот може да ги добие параваните по одредена цена, туку и тоа дека манастирот поседува стара железна ограда која тој исто така би можел да ја купи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
7. Двајца монаси дојдоа до потокот. Едниот беше хинду, а другиот зен монах.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Доктор Коста се врати дури следното утро. Измачен, темен во лицето, небричен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Затоа тоа и не можеше да види како на следното утро Белото јоргованче се закити со бели, бујни цветови.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Следното утро Рози и Кети собираа јаготки за да ги конзервираат и сѐ до попладне таа не отиде надвор на тоа место.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Следното утро, штом дојдоа на работа, почна да врне бавен, густ и ситен дождец.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Следното утро кога се пробудив отидов во дневната соба. Таму немаше никој.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
За тоа секогаш ќе биде премногу доцна. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 170
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Тоа беше најдоброто нешто што можеше да му се случи,“ рече Далтон. „Тој беше на пат да стане професионален пијаница.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дури и да отишла во медицинско училиште, дури и во тој момент да отидеше, да се запишеше следното утро, таа пак ништо не ќе можеше да стори за Џони Мохак.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ист човек може да кралува или да зема улога на страдалник, или да заспие како дон Кихот, а следното утро да се пробуди како Санчо Панса...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Токму по мој вкус! – се кикоти Хорацио – следното утро ми вели, „секој од нас си има мали бубалки“...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Велат, кога следното утро се појавил пред слугите свои, косата му била побелена, погледот див.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Ајде за арно и за убаво нека е!“ помирливо рече татко му и извади домашна ракија за сватовите кога се даваше зборот, а следното утро, сè уште по малку весел, отиде да ја подигне заштедата, за свадбата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
3. Секако, следното утро штом сте се пробудиле, драга Асенета, сфаќате дека не сте успеале.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Следното утро, откако ја нахрани мачката, си го умртви срцето за да не умре од очај, и реши засекогаш да ја заборави Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега треба да побарате една ваша обетка. Која било.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Одбиваше да игра со топка во дворот за време на одморот и да работи во уметничката работилница, иако поголемиот дел од пациентките со големо внимание ѝ се посветуваа на претстојната уметничка вечер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од оваа точка понатаму не се сеќавам за што сум можел да пишувам во белешките.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Еве извадоци од моето бладање што ги открив следното утро. 22.50 Troley Stop.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Следното утро што ја разбуди со своите студени конци, не влезе во неа со сивилото низ стишната шара на пердето, туку прво во нејзината глава како куршум се забуца мислата Господи, што ти згрешивме јас и мојата сестра?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Само кога ја виде Влаинката Роса како заминува со своите пет чупиња, по чупињата петте гуски кои деновите ги поминуваа во дупките кај туланата, а зад гуските високото ковчесто старче што размавтуваше со рацете како со мотовила, и самата се расколеба и следното утро се најде крај самиот вагон, всушност, луѓето се растргнаа и ја пуштија до вагонот да може да си зборува со старецот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Следното утро, прво го здогледува Градот, и разнобојните копчиња во него, вчерашните противници, заспани еден крај друг, далеку од ѓаволот и болот.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
А следното утро, 69 на појадок ќе фрлам поглед кон подот и ќе го видам малиот црн куфер покрај неговите нозе додека го мачка путерот на препечениот леб, а Мама не станува од креветот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога следното утро се разбудил, знаел дека веќе никогаш не ќе лета во темница: неговото чувствително ноќно сетило исчезнало.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
При првиот рез со скалпелот тој почна да дивее, да вреска, и да се трга лево-десно.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Операцијата требаше да биде прво нешто следното утро.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога станавме следното утро, пред да се построиме, пред нас помина едно куче, но само што нè одмина експлодира една мина и си рековме: Еј, кучето нè спаси, па бргу го напуштивме селото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тие ми даваа од јатките божем мислеле и за мене, но јас им реков дека никако не сакам да земам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Следното утро кога станав, т.е. веќе беше пладне, ме разбудија плискавиците од дождот што силно го беше зафатил убавиот град Охрид кој без сонцето делуваше некако тажно, како да не е истото место.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Затоа тоа и не можеше да види како на следното утро Белото јоргованче се закити со бели, бујни цветови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Следното утро ние отпатувавме. И никогаш повеќе не го видовме малиот коњаник и неговиот белец.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)