следен (прид.) - чекор (имн.)

И никој поради тоа не ги осудуваше, не ги презираше и не ги земаше на подбив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Длабоко навредените, оскрбените, грешниците, покајниците, осамените, јадосаните, очајниците, неутешените во љубовта и во загубата на најмилото, луѓето исправени пред неизвесноста и ризикот на следниот чекор, животните корабокрушеници, - сите, сите доаѓаа тука и на дивината наоколу, на небесата над Потковицата, на овчарите и на случајните намерници, лелекајќи гласно им ги доверуваа своите тајни и несреќи, своите болки и загуби, своите намери и решенија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А тој спушти нога подигната за следниот чекор во орото, се исправи. Му затрепери десниот образ, веѓите му се намуртија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш време е да го направиш следниот чекор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не научив да живеам во потчинетост, не поради гордоста, јас сум господар и слуга на мојот живот, несакав никој да ги решава проблемите што сама ги создавав и секогаш се справував со работите на потежок начин.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
I. Времето ги одбројува своите часови, зад секој агол отчукува пулсот на животот, а следниот чекор е бездна...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Лудо е ова време во кое живееме, овде на земјава се е како шаховско поле и ништо не е случајно, можеби сами ги поместуваме фигурите, сами го правиме следниот чекор и сами понесени од сопствената волја, зрело или без размислување, без искуство, свесно или несвесно или можеби наивно, будно или сонливо или полу заспано, внимателно или понесени од инстинктите од сопствениот живот правиме пекол и рај, но на крај секогаш стигнуваме таму каде што било пишано.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Татко, како познавач на старотурскиот, односно османскиот јазик, но и како негов современик, за време на студиите во Цариград, беше мошне внимателно слушан од Камилски, макар што според него говорителот се оддалечуваше од целта на дебатата, ако цел воопшто имаше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Следниот чекор ќе биде чистење на турскиот јазик од арапски и персиски зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како што индивидуите почнуваат да ги артикулираат преферираните настани во овие алтернативни нивоа на активност, и како што стануваат сѐ поангажирани во уредувањето и поврзувањето на овие настани во посебни секвенци низ времето, можат да бидат поттикнати експлицитно да ја именуваат на овој начин сугерираната алтернативна тема или 50 Margina #4-5 [1994] | okno.mk контратема.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Именувањето на алтернативна тема или контратема е многу важно, помеѓу другите работи, и затоа што, (а) значајно учествува во чувството на индивидуата дека нејзиниот живот оди нанапред по патот кој таа го одбрала; (б) овозможува да се припише значење на настаните или искуствата кои инаку би останале незабележани или за нив би се сметало дека се од мала важност; (в) го олеснува правовременото одредување (средба-по-средба) и поврзување на настаните кои се случуваат за време на тераписките средби и (г) ѝ дава на индивидуата чувство дека знае кој може да биде следниот чекор во избраната животна насока.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Плашејќи се од следниот чекор реши уште еднаш да се договорат како да постапат при предавањето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Славица нестрпливо гореше, очекувајќи го следниот чекор на Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Заедно пеат: - Така зборот си најде збор, си направија договор, следниот чекор беше полесен, сам се јави третиот збор - С.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И покрај сите обврски дома и на работа, тој не престануваше да размислува што да направи, кој да биде следниот чекор кон повторно доближување кон Томаица, давање знак дека тој не се откажува така лесно, дека ќе направи сѐ нивната љубов да продолжи да живее.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Откако го пронашол ваквиот код, следниот чекор за Гедел бил во детали да го трансформира парадоксот на Епименид во некаков формален израз од теоријата на броеви.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од друга страна, кога интервјуто би било класично (разговор, диктафон и сл.), не верувам дека воопшто би можело да биде изведено, согласно со рамките најпрво на мојот, а потоа и на твојот идентитет; емпириски е докажано дека таквиот разговор со малку среќа во најмала рака би завршил со непријатна тишина, со раскинување на сите договори и чекање евентуално да се признае сопствената грешка, до следниот чекор, контакт.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Истовремено како да гледав како горниот дел на телото на минувачот му се веднува напред при секое ново спуштање на стапалото и како го исправа и го завалува назад при секое кревање на ногата пред да го направи следниот чекор.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)