слеп (прид.) - улица (имн.)

Тие ретроградни процеси, тие обиди за спасување на еден монопол со друг, денес се одвиваат кај нас, и затоа моментно сме во слепа улица, бидејќи секој монопол е слепа улица, од неа нема друг пат, мора да се удри в ѕид.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Чекорење по истите нечисти калдрми, заскитано куче по истите слепи улици.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Повторно да завлезе во некоја слепа улица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Истренирани кучиња ги водат слепите улици безбедно до плоштадите.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
И слепата улица не е затворена ако има луѓе во неа и ако свети сијалицата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако не знаеш да пливаш брзо, не влегувај во каналот полн со влекачи крвожедни зашто, кога исцрпен ќе се довлечкаш до брегот, ќе те чека ново сокаче, што завршува како слепа улица.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Сфаќам! Разбирам - климнав со главата иако ми се чинеше дека од една слепа улица влегувам во друга, или во трета и тоа уште потемна и понепроодна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и помислив дека тајната што се обидувам да ја разјаснам потсетува на раката на давеник која откако се кренала над водата и успеала уште еднаш да зафати од воздухот, за жал не е во состојба да ја принесе таа скапоценост до устата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На тој начин дисциплинираното формално мислење ги овозмо­ жило модерната наука и техника, но на крајот залутало во некаква теоретска и практична слепа улица.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Слепата улица во која живеев, сега - без Баждара, без Црните браќа, без животот на широчината - стана страшно здодевна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со тоа дисциплинираното формално мислење ја овозможи современата наука и техника, за на крајот да влезе во теориска и практична слепа улица.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Поништен документ.   Се враќаш таму кајшто смеата е изнасилена хуморот црн   а слободата згазена небаре догорче на споредна и слепа улица. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Впрочем понекогаш се случуваше тој и самиот збунето да праша: „Не помислуваш дека сум затрчан по слепа улица?“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Одев во колеЏ, дипломирав, предавав во средно училиште за да го избегнам Вијетнам, но главно скитав, до 1972-та кога како излез од слепата улица го запишав курсот за пишување на Универзитетот во Ајова и почнав да пишувам куси раскази.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ги објавил романите Музика на вода (1982), Проспекти во пупки (1984), Крај на светот (1987) за кој ја добива Фокнеровата награда, и романот Исток е исток (1989).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Првиот расказ го има објавено 1975-та во списанието Esquire (“Срцето на шампионот”), а неговиот расказ “Симнување на човекот” му ја донесе тутулата на херој на подземјето, продолжувач на раните експерименти на Барт, Пинчон и Т. Робинс.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)