слеп (прид.) - од (предл.)

Остролики стрели лебдат зуј над сиот краткотрај, бистровидни глави веднат под сомнеж од студен преграб на зломрачен близок крај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Престорен во палка сега беспрекорна прелест-сјај, лач златоклун велја спрега славно спушта в сонеж-бај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога Филозофот го прашал слепиот од каде знае што е напишано на штичката, кога тоа што е напишано сочинето е со букви за него незнајни и неразбирливи, овој му одговорил: „И кога допирам запис од писмо непознато, јас знам какво собитие е запишано; така, кога ми ја даде штичката со твоите букви, јас видов дека за мене тие знаци се непознати; но сепак разбрав за какво собитие говори записот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кренат гори в лесни танци - занишан рог - реска страст; милозлив во меки ланци вилнее со пребрз раст злат заводлив јасни краци до невратна злокоб- сласт распенет во горки зраци нечитливи строи знаци сводот слеп од таа власт. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 140
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)