сликарски (прид.) - четка (имн.)

Се прашуваме дали, ако Кинеското дрво ни значеше исто како и нему (како и морскиот брег и рамницата во близината поради која мисли дека светот е тркалезен, Црнците, шумата, ослободената пијавица и мочуриштето кое се граничи со гробиштата и игралиштето, црквата, неговата куќа, олеандрите, палмите и комарците, дабот кој има лулашка направена од автомобилска гума, лулашка која треба да се поправи, вилицата на ајкулата, школките од левата и од десната страна, и гризот за доручек) - па, само се прашуваме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Седеше гледајќи во една недовршена слика (што е еден од начините на кои работи): сите бои во изобилство; зборови црвени, жолти и плави, исечени од дрво и прицврстени вертикално на работ од две одвоено затегнати платна, а на нив се напишани букви кои како да се нивни рефлекси; една буква не од дрво туку од неон; дрвени букви со магнети кои овозможуваат зацврстување и промена на положбата на предметот - конзерви од пиво, кутија за кафе, сликарски четки, нож, без вилушка и лажица, ланец и калем.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Демонстрација: она што бараше двајца уметници, сега Џонс го прави сам и во исто време. /Се одвезов до неговото студио во градот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)