сличен (прид.) - судбина (имн.)

Татко го најде и другото значење на зборот табан на турски, кое се однесувало на железниот дел на пушката помеѓу кундакот и цевката, кој се прави од посебен вид железо, познат на турски како taban или namli.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Речиси слична судбина имаа и турските заемки бут, горниот дел на ногата (на турски bud, на романски but, butura, на новогрчки buti итн.); табан, стапало (од овој збор потекнува заемката дустабанлија, на турски dztаbаn, што значи рамно стапало).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Огромен јаз меѓу сличните судбини.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Невидливи се нишките што ги сродуваат луѓето со слични судбини.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Што се однесува до другите делови од вашите обвиненија, произлегува дека и тие се со слична судбина како и спомнатиот гердан.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И тие обвиненија можеме да ги сметаме за невистинити бидејќи единствено власта е таа што има увид во сите стоки што ги има одземено, а во таа смисла и скапоценостите (како што е наведено во вашата пријава) од воениот богаташ Басотов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И новата земја што ја претставував во Франција, како десети дел од некогашната југословенска федерација, Република Македонија, природно не покажуваше интерес за комплицираното и за неа некоњуктурно палестинско прашање, макар што обете земји на некој начин се судруваа со слична судбина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Слични мисли, слична судбина И на Исток. И на Запад ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Има суштини во животот кои во екстазата на нивното случување се впиваат во душите и пред нив зборовите се немоќни, можеби понекогаш и еден вид сквернавење...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сигурно и за Арафат, во драматичните настани кои се вестеа во неговото парче на Палестина, средбата со мене во Париз беше епизода подложна на брз заборав, кога непосредните интереси не притискаат!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се чувствував виновен поради мојата немоќ да повлијаам преку малата земја која ја претставував, земјата од која потекнував имаше слична судбина на палестинската, во однос на распарченоста во повеќе земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зарем не доживеаја на Балканот слична судбина и малата империја Југославија, која произлезе по падот првин на Отоманската, а потем и на Австро-Унгарската империја, чиј амбасадор бев.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И каменот го чека слична судбина стига да го зафатат немирните води.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Го слушаше во ноќта на заминувањето на јагулите својот нов пријател од руските далнини како се вдлабува во описот на преобразбата на јагулите, не престанувајќи да мисли на сличната судбина на луѓето во егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)