слободен (прид.) - миг (имн.)

Затоа, секој слободен миг го користеше да исчезне, да замине на бреговите на Сава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа, секој слободен миг го споделувам со природата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Следните денови Томо секој слободен миг ѝ го даруваше на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секој слободен миг беше надвор од градската врева.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Па така, секој слободен миг момчето го поминуваше со лопата во рака, фрлајќи го снегот лево десно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секој слободен миг го крадеше за да го поднамести следниот трупец, што требаше да биде спуштен во еден миг пред бичкијата, за тоа имаше одлични помошници во лостовите, што ги имаа направно заедно со Дука во текот на сите изминати лета во оваа зградичка и сега беше просто милина да се ракува со нив, онака познати и послушни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најдовме слободни мигови на височинката на Свети Наум, на подводната гранична линија, која ги делеше моите две земји, Македонија и Албанија, да разговараме за минатото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Махмуд Дарвиш беше во средиштето на вниманието во Струга и Охрид, се сеќаваше на враќањето на Рафаел Алберти, во 1978 година во Струга, во годината во која како да славеа две враќања од егзил во поетската република во Македонија, со големиот шпански маг Рафаел Алберти.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најголема љубов е кога само сакаш да заспиеш и да се разбудиш до личноста која ја сакаш. Само за рака да ја држиш, секој слободен миг, додека молчиш и без воздух си.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Секој слободен миг да се помине на падините на Водно или Скопска Црна Гора - со пошумените терени претставуваат вистински бели дробови на градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)