слободен (прид.) - простор (имн.)

Од десната страна на огништето слободниот простор се вика „машкиот кат“, а од левата — женскиот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но битката за власт и различните процеси за нова прерасподелба на овој авторитет претставуваат денес во Русија секојдневна преокупација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа кожа е исто­времено удобна и агресивна како и хипостазата на руската свест: тради­ционален занес и мазохизам, русофилско непријателство и лошотија, едното и другото спротиставувајќи се меѓусебно без причина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс, кој не гледа со рамнодушност на фотографијата од фронтот, како во слободен простор меѓу некаква уметничка верзија на „У-87“ и вистинска воена машина, не потпаднал ниту во едната ниту во другата реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А кај одеше Толе ноќе, и со недели, тоа тој и Мачникот знаеја. Co овој свој план Толе веќе му се слизна од рацете на Адема, и како што се колнеше пред татка си и стрика си, дека тој не мисли довек да биде роб, ете го, веќе го фрли јаремот на ропството и летнаа како сокол во слободен простор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога веќе аскерите наближија под самата чука, војводите дадоа знак за борба на „целиот фронт“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но сега Бахтијар заповеда јуриш на Маргара додека не се извлечкани преку слободниот простор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Често гледаш во тие пролетни дни - излегува малата колона од интернатската врата, свива покрај градските гробишта и за малку ете ја во слободниот простор на полето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Московскиот Gender Центар и Прашкиот Gender центар го употребуваа терминот “gender” кој дури и не постои во нивните јазици, или се употребува само во едно мошне различно значење, создавајќи со тоа еден лингвистички слободен простор без предрасуди.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
" остана без одговор... што отвори слободен простор за понатамошна игра.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Бидејќи освен да водат љубов, сакаа и да: го водат својот живот заедно, своите деца низ животот, себе да си оставаат слободен простор...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ноќ, воловите жеволеле во туѓа стаја туѓо сено, стопаните фаќале бессилно суштество што до вчера се наоѓало под заштита на светените манастирски ѕидови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој чекорел во свечена осаменост на обред во кој се кадат со темјан слабушкавите за битка, всушност не ги подавал рацете кон копнежи туку со здив, со чело, со врелина во врвовите на прстите џбарал слободен простор по чии невидливи врвици можело да се стаса до златни бранови на 'ржено море а во нивната лелеавост да се живее и да се чека на доаѓањето на русалките и девојките; со нив ќе е и таа, Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако заведувањето игра на картата на претчувствување на она што во другиот останува вечно тајно за него самиот, на она што никогаш нема да го дознаам за него и што сепак ме влече како тајна, тогаш веќе не останува многу слободен простор за заведување, бидејќи денес другиот веќе нема многу тајни ни за самиот себе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Така, колебливо, мрсен Петко бидуваше де овој де оној додека најпосле со кикот не беше прифатен играта, а децата на полјанката под коријата изгледаа како од кошара побегнато улиште што нашло тука слободен простор за луда, невоздржана игра до наситување.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Значи високата сфера за него претставува чудесно слободен простор без синори, без ограничувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)