слободен (прид.) - територија (имн.)

Со промените кои се случиле во средината на 1943 година на воен и политички план во Македонија: формирањето на ЦК на КПМ, оперативните зони и формирањето на слободни територии, а посебно успешно изведените оружени акции кои биле преземени на територијата на Првата оперативна зона, во британското Министерство за надворешни работи почнале да пристигнуваат извештаи во кои се зборувало за “појава на македонските оружени партизански групи“.81 Таа информација за британскиот политички врв претставувала изненадување бидејќи дотогаш Британците не калкулирале со Македонија како фактор кој по војната би можел да биде самостоен и би претставувал субјект во политиката на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По оваа реорганизација, ГШ донел наредба единиците на НОВ и ПО на Македонија да преминат во противофанзива на теренот на Источна Македонија со цел да се прошират борбените дејствија, да се создаде нова слободна територија и да се изврши нова мобилизација на борци.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со тоа делот меѓу Охрид, Струга, Дебар и Кичево повторно станал слободна територија.175 Успесите на Првата македонско-косовска ударна бригада во Западна Македонија како резултат го имале повторното разбранување на вооруженото востание во овој крај и големиот прилив на нови борци.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Немаме ниту една квадратна милја слободна територија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Територијата северно од линијата Куманово-Крива Паланка, па сé до Црна Трава, Лужница и Бабушница претставувала слободна територија на која се организирал целокупниот воено-политички живот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ќе речам само дека планините веќе се слабодни, Грамос е слабоден, направена е слободна територија и победата секој ден е поблиска.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ова место нашето им беше слободна територија, како што велеа тие и власта партизаните ја имаа земено во свои раце.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А и друго. Кога капитулира Италија, во тие села слегоа партизаните и тие тоа место го прогласија за слободна територија, како што велеа тие.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Крајниот резултат од борбите било повторното воспоставуање на слободна територија меѓу Охрид, Струга, Дебар и Кичево и големиот прилив на нови борци.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Како резултат на тоа дошло до формирање на Првата македонска ударна бригада во Локов (8 јуни 1944) и Првата косовска бригада (24 јуни 1944).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По завршувањето на офанзивата и по неуспехот на непријателот во остварувањето на неговите цели, дошло до зголемување на слободната територија и прилив на нови борци.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тие успеси овозможиле во најголем дел од градовите и селата да се формираат органи на новата народна власт (народно ослободителни одбори).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)