слободен (прид.) - ѕидар (имн.)

Од веќе скудните и главно случајни контакти што ги имаше со своите собраќа, било од околните острови или од копното, до него допираа приказни за прогонот на слободните ѕидари на кои им се припишуваше дека се еден таен и опасен еврејски култ со кој на врвот од хиерархијата раководат јудејски плутократи подготвувајќи антихристијански заговор во кој ќе се оствари новиот поредок под власта на синовите на Јуда.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа е тематски парк на кој за ужасот на масовното уништување, на потполното исчезнување, на геноцидното согорување, на холокаустот на припадници на цели социјални групи: Евреи, припадници на речиси сите словенски нации, Роми, Синти, хомосекусалци, комунисти, анархисти, јеховини сведоци, слободни ѕидари...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги почувствува дамарите во грлото. Слепоочниците му се оросија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Вистината е потривијална. Се разбира дека тие двајцата беа слободни ѕидари.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го молеше Бога да му даде сила да го издржи искушението и да му даде сила Давидова, мудрост како на Соломон и поддршка како на Мојсеј да го спаси народот од смртната несреќа што му се доближуваше како огромна луња најавена на хоризонтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Имавте ли добри односи со него?“ „Да, добри.“ „На која основа?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Карер го помисли тоа, ги виде некои од тие пријатели на црно-белиот под среде убаво осветлената ложа, а потем се виде и себе си, исправен на нејзиниот симболичен исток, со свечената, богато декорирана престилка на мајстор слободен ѕидар, со околувратник што му ја симболизираше должноста во ложата и со бели ракавици на рацете, сѐ симболи на моралната чистота и посветеност на мајсторот масон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Воспоставивме врски поради интересот на владеењето, тие со нивниот, јас со мојот дел од луѓето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Дали е тој масон?“ „Каква врска има тоа?“ „Дали Георгиј II е слободен ѕидар?“ „Мене тоа не ми е познато”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој беше слободен ѕидар инициран во масонската ложа на Закинтос, којашто впрочем како и сите други ложи на окупираните територии, згасна кога започна војната.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не сакаше да покаже никаква слабост пред Германецот, стравувајќи од прогонот што есесовците како Беренц го вршеа и над масоните.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како, да речеме, во една музејска постава, во една секвенца што има и наслов и се вика „Приказната за Даниел” и којашто таму ви се случува пред очите и ушите, влегувајќи во собата на едно обично дете.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)