слободен (прид.) - балкански (прид.)

Во слободните балкански државици, одвреме-навреме, македонската интелигенција, без разлика на пропагандите, треба да организира свои македонски собири, на кои ќе се разгледуваат и ќе се решаваат прашања за духовниот и националниот расцвет на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На прашањето на Доливети, како може Балканот да излезе од стегите на реакционерните сили, Богдан Радиша сметал дека тоа е можно единствено ако се возобнови старата девиза: „Балканот на балканските народи“ и таа да биде обновена во формулата за балканска заедница на слободните балкански нации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таа заедница би требало да биде алка меѓу Западот и Русија, а не обид за изолирање на Русија зад редица тампон-држави исправени против Русија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)