смрзнат (прид.) - сегашност (имн.)

Околу него не постоеше ништо. Сѐ беше само смрзната сегашност, суров закон, недвосмислена сигурност дека е грч со разлокани зглобови и дека по вторпат се лизга низ воздухот кон една бездна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Една смрзната сегашност со еден далечен глас рапав и сув како земја: Оче Симеоне, запечати го своето утре и дојди под една трева, два метри долг и со едно подотворено око.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)