собен (прид.) - музика (имн.)

Инспириран од Џојсовиот роман “Финегановото бдеење”, Кејџ го создаде делото “Прекрасната вдовица од осумнаесет лета” (1942) за глас и клавир при што клавирот за време на изведбата е затворен, а на пијанистот му е достапна неговата конфигурација што наметнува неконвенционален, нетрадиционален начин на свирење со прстите и зглобовите на раката.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од 1940. е делото Собна музика во кое предметите и мебелот од дневната соба се третирани како удиралки, што е прв пример на музички амбиент. 172 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Првите композиции на Џон Кејџ, Шест кратки инвенции, Соната за два гласа и Соната за кларинет (сите од 1933), напоредно со разработката на 25-тонскиот систем, демонстрираат критичко испитување на традицијата со користење на етаблираните музички форми: инвенциите, настанати во барокот, и сонатите, круна на архитектонскиот принцип на изградба на музичкиот облик од класицизмот до современите нео-класични тенденции, што претставува погоден медиј за негирање и иронија на неприкосновените ремек-дела од минатото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)