современ (прид.) - американски (прид.)

Текстот го напиша Lewis Blackwell а предговорот David Byrne. Karson е еден од татковците на ултра помодниот современ американски колажен стил на графички дизајн - слоеви, преклопување на текст, нови радикални фонтови, заматени фотографии, грубости на фотокопирање.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ако современиот американски автомобилски механичар е соодветна метафора за биомедицински лекар практичар, тогаш американски домородечки шаман може да биде соодветна метафора за јазично-системски-ориентиран практичар (Torrey, 1986).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Гинсберг понатаму тврди дека поголемиот дел од современите американски и британски уметници веќе со години пушат марихуана.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во културната екологија процесот се нарекува trash- изација. Paul Fussell, еден од најлуцидните современи американски “културни еколози”, се одлучува за нова, проширена дефиниција за ѓубрето, за BAD.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се смета за еден од најоригиналните прозни творци во современата американска литература, кој се “движи на работ меѓу стварноста и кошмарот, користејќи го надреализмот како форма за да ги дофати мрачните страни на американските разбирања”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)