современ (прид.) - македонски (прид.)

- Велес, Ликовен салон, ДОСИЕ 96 - Прилеп, Центар за култура „Марко Цепенков, ДОСИЕ 96 - Куманово, Уметничка галерија, ДОСИЕ 96 1997 - Скопје, Музеј на град Скопје, Досие 96 Групни изложби 1990 - Келн, Институт за источно европска уметност, Група ЗЕРО - Скопје, Музеј на Македонија, ШАКТИ, Група ЗЕРО 1994 - Скопје, ДЛУМ, Годишна изложба на графики - Скопје, ДЛУМ, Годишна изложба на цртежи - Скопје, Image Box, Годишна изложба на Сорос Центарот за современи уметности 1995 - Скопје, Културен центар Ко-Ра - Скопје, ДЛУМ, Годишна изложба на цртежи - Скопје, Чифте Амам - Скопје, Музеј на современата уметност, 9 1/2, Антологија на современата македонска уметност Маргина 36 129 Сузана Милевска НЕЈЗИНОТО ВИСОЧЕСТВО: СЦЕНАТА Прашањето што произлегува од обидот да се дефинира што е актуелно на македонската ликовна сцена е дали таа воопшто постои или, малку иронично поставено, дали таа не е повеќе театарска (со свои режисери, сценаристи, актери, статисти, суфлери, шминкери, реквизитери и слично) отколку ликовна.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Николески е автор на стихозбирката „Македонче“, објавена 1946 година со која беа поставени темелите на современата македонска литература за најмладите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Николески почина во Охрид на 15.04.1980 година.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А Окован настојувам да се движам Не знам зошто утрово одново ме опседнува прашањето за Орфеј и Исус во современата македонска поезија.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Она што е исклучително важно, и во песните во кои првпат се пее за нешто за што не се пеело досега, се препознава типичната матрица на т.н. антеовска песна, еден од најбележитите и најзнаменитите певови во современата македонска поезија.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Еден од доајените на современото македонско новинарство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со докажување на транскрипцијата на современата македонска азбука, на кирилично писмо, се открива дека нашата азбука е стара седум илјади години.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Доколку Маклабас биде успешно финализиран (завршена постпродукцијата и пренесен на филмска лента) тоа ќе биде фантастичен подвиг на Скопската уметничка андерграунд сцена и голем уметнички документ за активноста на сите овие битни за современата македонска култура луѓе.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Хаос е тоа, таа поврзаност... Кажи ми за современата македонска ликовна сцена, нејзиното место да речеме на Балканот, но и пошироко, ти шњураш, следиш...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сликата – една од водечките и најценети достоинства на современата македонска поезија е облик низ кој мислата се мачи да го скамени невидоизменето нашето некогашно време; впечатлива слика на разделбата со оние што одеа на туѓина, сликата на велигденското оро, сликата на жетвата се составки на духовниот пејсаж на македонската географија и обраќањето кон неа не значи враќање кон нејзиното време туку протест кон духовната унификација што произлегува од нашата инертност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И доколку времето не е само категорија на траење и менливост туку и оска на правдата – вистина е дека современата македонска поезија, најсуптилно меѓу сите творечки дисциплини, откри една значајна и филозофска и психолошка посебност на македонскиот народ: неговото чувство за временска дистанца; чувстото да ја различи минливоста од трајното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Од друга страна, настојувањето на „Стремеж“, секој автор чија книга ја објавува да ја придружи со негова размисла за неговиот сопствен опит, може да претставува, исто така, едно своевидно проширување на теоретскиот дијапазон, што ќе го зголеми нашето книжевно искуство, што ќе формулира од денешен аспект некои пунктови на нашите естетски стојалишта, и, што е од особено значење, - ќе ги открие, невидливите јадра од кои зрачи посебноста на приодот кон поезијата на современиот македонски автор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Од тој период започнува да се воспоставува и изградува за прв пат современата македонска држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 3 мај 1945 е објавена и првата азбука на македонскиот јазик.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
»» ЈАНЕВСКИ, Славко (1920). Еден од доајените на современата македонска литература. Поет, раскажувач, романсиер, детски писател. Член на МАНУ. 52 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ако се има предвид само застапениот корпус на раскази и ако се занемарат развојните тенденции на раскажувачката проза во современата македонска литература, како генерален впечаток се наметнува сознанието дека кај постарата генерација раскажувачи е присутна една по малку носталгично - сентиментална нота во сликањето на градот и една особена привлечност (дури би можело да се рече и опседнатост) од оној „друг” град исчезнат во природната стихија 1963-та, што не важи за помладите автори.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)