согласен (прид.) - со (предл.)

Ако синдикатот, во рок од осум дена, не се изјасни за давање или ускратување на согласноста, се смета дека е согласен со одлуката на работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас не бев согласен со тоа - да загинеме.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
При тоа, во случај синдикатот – во рок од осум дена, да не се изјасни за давање или ускратување на согласноста, се смета дека е согласен со одлуката на работодавачот – т.н. презумптивно одобрение.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но ако во историјата на културниот развиток на еден народ има два периода, меѓу коишто има еден како трети, но којшто е период на застој и е како непреодна стена меѓу нив, – тогаш во новиот период на развитокот на националното самосознание имаме преродба на народниот дух, коешто станува вистина врз стара основа, но во него влегуваат многу нови начела, во согласност со духот на времето и со специјалните потреби на народниот живот и неговите пројави. 160Таа преродба се одбележува и во книжевниот јазик и правописот: како едниот така и другиот се горе-долу слободни од некои традиции што не се согласни со современата состојба на разговорниот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Гете воопшто не се почувствувал навреден, дури му рекол дека, иако никој друг не му изрекол таква забелешка, бил согласен со истата и ја сметал за оправдана.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)