солунски (прид.) - пристаниште (имн.)

Во разговорот со кореспондентот на “Манчестер Гардијан“, тој иронично го прашал:150 „Дали, господине, европскиот или одделно францускиот печат, и по настаните во Солун, ќе ги симпатизира комитетите, коишто на Французите особено им се заблагодариле запалувајќи им го паробродот во солунското пристаниште?“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
* Покрај банката, гемиџиите решиле да оштетат и да потопат некои од европските бродови што секој ден доаѓале во солунското пристаниште.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Според британските анализи, контролата на Протоците од земја блиска на СССР би "било рамно на физичко контролирање" од негова страна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште повеќе се плашеле од опасноста СССР да ги поддржи нивните "експанзионистички аспирации", не исклучувајќи ја можноста идната јужнословенска федерација да го добие Солунското пристаниште како отскочна штица за натамошната советска експанзија кон Турција, што можело како последица да го има елиминирањето на Турција како европска и балканска сила.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Малку ли му се текстилните фабрики во Дренок, Пробиштип и Виница, малку ли му е заработувачката од дејноста што му ја овозможивме да влечка жени од Солунското пристаниште до кај нас, па уште и со статус на шеф на транзитната служба? – началникот си земаше слобода гласно да говори во мое присуство, очигледно свесен за тежината на проблемот од ваквата инволвираност на Гркот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во далечината, на мало­то островче од реката, ги забележав белите галеби кои беа долетале од солунското пристаниште. Мислите ми беа со Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)