соодветен (прид.) - заедница (имн.)

Сите тие треба да се одвиваат под истиот покрив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во идеален случај, треба да ги имаш сите тие компоненти заедно – или воопшто да ги немаш. (Ова е тоа што Ворнер го нарекува „тотализирачка склоност“ на хетеронормативноста).465 ‌Со овој единствен облик на живеење се поврзани моделите на припадност во соодветна заедница, на јавниот говор и на себепретставувањето, на политичкото учество, слободата, семејниот живот, класниот идентитет, образованието, потрошувачката и желбата, општествената пројавност, расната и националната мечта, здравјето и телесното држење, довербата и вистината.466 Сите тие се поврзани со хетеросексуалноста како сексуална практика и преференција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Интимноста, љубовта, пријателството, солидарноста, сексот, репродукцијата, одгледувањето деца, поколениското наследување, грижата, меѓусебната поддршка, заедничкиот животен простор, заедничките финансии, сопственоста на имотот и приватниот живот одат заедно и не треба да се делат на различни врски или поинаку да се раситнуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто како што можеш да учествуваш во геј-културата без да бидеш хомосексуалец, така можеш да учествуваш во хетеронормативноста без да бидеш стрејт.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие комбинираат и претставуваат единствен, уникатно вреден и горе-долу задолжителен општествен облик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)