сопствен (прид.) - соба (имн.)

Ова е прв пат во животот да си има сопствена соба... мала соба - ама сопствена.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
САРА: Ова е мојата соба. Се запознавте со мене пред само два часа, а веќе сме сами во мојата сопствена соба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Хм, жена, што би можела пак таа да каже за средновековните замоци, освен дека овој се сплеткал со оној, кој во чија соба ја поминал ноќта и зошто не му било удобно во сопствената соба, туку којзнае каде ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Лежи во сопствената соба: двокрилен прозорец со бели пластични ролетни, со бела мрежеста завеса и сета таа белина пропушта мека млечна светлина; под прозорецот работна маса - од татко му - столот е од татко му.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тоа значеше дека од тој момент во мојата сопствена соба требаше да се извинам пред да се накашлам, за да не се налути некој од соседите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За да ја задоволи потребата за приватност секој пациент мора да има сопствена соба, со сите неопходни елементи кои ја овозможуваат неговата приватност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)