социјален (прид.) - помош (имн.)

По години, до неа ќе стигне писмо, но тоа нема да биде чеканото љубовно писмо, туку известување од власта за социјална помош, доколку по својата смрт го остави на општината одајчето во кое живее.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„... Можете да добиете социјална помош, ако по вашата смрт, одајчето во кое живеете, ѝ припадне на општината“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И повеќето писатели, кои живееја од социјална помош единствено нешто што го напишаа во тој период беа нивните писма што ги испраќаа дома за пари... (Исто: New Week, Special Issue, Our Amerika ”A Self Portrait”, 4 Јули 1976 год.).
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И никогаш не бев на социјална помош.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Долго време живеевме од социјална помош и постепено почнавме да работиме различни работи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Закони за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, Сл.весник на РМ – 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14 и 180/14. 115 У.бр. 165/2009 од 7.IV.2010. 114 114 негативен предзнак, не се врши усогласување на основицата. (чл. 2 од ЗИДЗСЗ/дек.12) До позначителни, позитивни и негативни промени, дојде кај работниот ангажман на корисниците на социјална помош.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Закон за пензиското и инвалидското осигурување, Сл. весник на РМ, 80/93. 54 Закони за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Сл. весник на РМ – 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14 и 188/14. 53 59 Се воведе дополнителна обврска за обврзникот за плаќање придонес за пензиско и инвалидско осигурување, да поднесе пријава за осигурување за следните категории лица: самостојни уметници, професионални спортисти кои имаат склучено договор за вработување со професионален спортски клуб, учениците и студентите кога вршат практична работа за време на школувањето, односно студирањето, лицата на издржување казна затвор, малолетнички затвор и на издржување на воспитна мерка во воспитно-поправен дом за време на редовна работа што ја вршат во текот на издржувањето на казната, односно мерката, здравствените работници со високо образование кои стекнуваат работно искуство за полагање на стручен испит, невработените лица за време на стручно оспособување и професионална рехабилитација, како и лицата со инвалидност и телесно оштетување кај кои повредата настанала со учество во акции за спасување или одбрана од елементарни непогоди или несреќи, на работно ангажирање на корисници на социјална помош, на обука по покана на органите на одбраната, во давање помош на органите за внатрешни работи во вршење на нивната службена должност, на културно-уметнички манифестации и натпревари, организирани од културни и други институции, на натпревари во физичка и техничка култура, организирани од спортски и други институции, во волонтерска активност согласно со закон, на спортист аматер согласно со закон и на професионален спортист кој има склучено професионален договор со професионален спортски клуб. (чл. 8 од ЗИДЗПИО/дек.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во делот на утврдената социјална помош дојде до измена кај корисниците на социјална парична помош кои неоправдано ќе одбијат работно ангажирање, кои по ново ќе се сметаат за членови на домаќинството при пресметување на вкупните приходи на домаќинството, а останува забраната на користење на правото на социјална парична помош во наредните 12 месеци. (чл. 8 од ЗИДЗСЗ/март.11).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Дали ќе ѝ дадат некоја социјална помош?...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Најпосле, и овде постоеше Одбор, го викаа Одборот на Егејците, ама овој Одбор не беше власт како оној во Гаково, туку колку да ги собира Егејците околу себе и да помага преку вистинската власт со социјална помош за старите, жените без мажи и за децата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но денес Фукоовата паноптичка власт се применува на малцинството.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не зборувам за луѓето на социјална помош кои се под опресија на еден традиционален начин - тие 24 часа дневно се зависни од институциите кои ќе дадат пари или не, коишто можат да ги контролираат, коишто можат да влезат во нивните куќи кога сакаат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Важна одредба е и таа дека во случај корисникот на социјална парична помош неоправдано да одбие работното ангажирање, тогаш правото на социјална помош му престанува и тоа не може да се оствари во наредните 12 месеца (нов член 29-ѕ, ЗИДЗСЗ/07).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се работи за мала, но поволна измена на одредбите на ЗПИО со која се обезбедува задолжително пензиско и инвалидско осигурување во случај на настапување на инвалидност и телесно оштетување и за корисниците на социјална помош поради повреда настаната при нивно работно ангажирање, учесниците во волонтерски активности, како и спортистите аматери и професионалните спортисти (чл. 6, ЗИДЗПИО/07).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
При работно ангажирање до пет дена во месецот, на корисниците на социјална парична помош не им престанува правото на социјална парична помош, а при работно ангажирање за сезонски и други работи, ова право им мирува за времето на работното ангажирање, со тоа што по престанувањето на работното ангажирање користењето на правото на социјална помош продолжува.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)