социјален (прид.) - простор (имн.)

Тие ја овозможуваат опозицијата меѓу ние и тие, го создаваат нашиот свет, нашиот суверен простор и нашиот идентитет.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Уметноста - и социјална сила Уметноста живее во социјален простор. (...) Доживеано субјективно, индивидуално, како магија, фасцинација, напнатост, уметничкото дело е емпириски спознатлив носител на социјална функција.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како такви, тие играат бројни функции: разликување, регулација, поврзување; тие се социјални простори кои произведуваат односи на моќ; служат како основа за економска нееднаквост и исклученост, како и размена; тие се и структури и симболи на државната безбедност и суверенитет; тие се ентитети кои создаваат и пренесуваат значење, итн.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)