социјален (прид.) - совет (имн.)

Дојде и до редефинирање на начинот на кој се избираат помирувачите и арбитрите, па така според новата законска формулација овие лица може да ги вршат овие две функции само ако имаат добиено лиценца од министерството надлежно за работите од областа на трудот на предлог на трипартитната комисија формирана од Економско социјалниот совет.93 Лиценцата за помирувач, односно арбитар се издава на неопределено време (чл. 30 од ЗИДЗМРРС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Односно, до престанок на дејствување доаѓа кога „така ќе одлучи надлежното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува“ за ова важно статусно прашање (чл. 28, ЗИДЗРО/окт.09); г) исто така, за прв пат, а со цел јакнење на социјалниот дијалог во државата и усогласување на конкретните мерки што се преземаат во сферата на економската, социјалната и развојната политика, се пропишува основање на едно советодавно тело, без поголеми изречни прерогативи за самостојно одлучување – наречено Економско- социјален совет, чијашто дејност се темели на потребата за трипартитна соработка меѓу Владата, репрезентативните синдикати и репрезентативните стопанските комори, при решавањето на економско- социјалните прашања и проблеми (чл. 246-247, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Одредбите на овој закон не се однесуваат, односно применуваат на самовработените лица. (чл. 3) Во законот е предвидено дека минималната плата изнесува 39,6% од просечната бруто плата во РМ за претходната година, а висината на истата е предвидено да ја одредува Министерството за труд и социјална политика по претходно прибавено мислење од Економско - социјалниот совет. (чл. 4) Надлежен за контрола при исплаќање на минималната плата е Државниот инспекторат за труд при Министерството за труд и социјална политика. (чл. 5) Предвидено е дека доколку инспекторот за труд утврди неправилности сторени од страна на работодавачот истиот е должен да состави записник во кој ќе бидат утврдени сите неправилности и ќе му остави рок од 8 дена во кој рок работодавачот е должен да ги отстрани неправилностите и истовремено ќе му биде врачена покана за спроведување на едукација на работодавачот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)