социјалистички (прид.) - суд (имн.)

Беше свесен дека го минува прагот на социјалистичкиот суд, на најделикатната институција на која многу тешко навикнуваа балканските народи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И самиот, кутриот, тоа утро, кога требаше да оди во Судот, не знаеше со кои документи од оние што ги имаше од разните режими на Балканот, ќе го покаже и ќе го докаже својот идентитет, со кои документи треба да му се отворат вратите на социјалистичкиот суд.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко немаше друг избор освен да го приврши своето искажување: - Почитувани судии, еве ме, навистина, со својата отоманска диплома, сосема неочекувано, во овој социјалистички суд.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Повеќе времиња беа собрани во ова пусулче кое, сега, тебаше да му го отвори патот во социјалистичкиот суд.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но овојбеше свесен за историската задача што ја имаше и неа ја чувствуваше како мисија, од идеолошко-утопискиот режим, да го создаде првиот народен социјалистички суд на овој дел од Балканот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)