спакуван (прид.) - во (предл.)

Се купува спакувана во хартија или пластична фолија и се отстранува со загреан нож.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
ЛСД Форма: понекогаш се наоѓа во форма на мали пилули, познати како микрозрна (microdots), обично спакувани во пластика.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со чезата на комшијата, кој беше нејзин врсник, спакувана во војничко дрвено куферче на бате, си замина во правец на железничката во Куманово.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Многу од нив со lunch-пакети, со конзерви уредно спакувани во кафеави хартиени вреќички, седат или стојат, го завршуваат својот lunch, остатоците уредно ги оставаат во кантите за отпадоци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На почетокот, кога бев примен на работа кај него, зачестеноста на тоа кажување ми беше смешна како што ми беше, и остана до денеска, смешна појавата на Волнаровски спакувана во костум што раководи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тука непосредно мислам на Дишановата Boite-en-valise (Кутија во торба, 1936-41), минијатурниот преглед на уметниковото дело, па според тоа и на неговиот начин на мислење, внимателно спакуван во куфер.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ние себе се чуствуваме внатре, спакувани во кожа: она што е вон тој кожен пакет е не-ние.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Само така смислата на животот спакувана во една мала стиховна галерија, остава оригинален ракопис на една жена чија доза на топла хуманост нѐ води кон разбирањето на некои човечки категории.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Нејзината облека и чевлите, спакувани во картонски кутии, го натерала Милан да ги однесе во организацијата „Татковски галеб“ за годишниот добротворен прилог на црквата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Двајцата браќа Адам секогаш јадеа ист ручек, спакуван во исти зелени кутии за храна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се појави и нејзиниот нов „брат“ со својата тешка колекција на плочи, касети и книги, спакувана во три-четири кутии кои мораше да ги носи заедно со татко ѝ.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се собуваа на смени, си ги триеја помодрените стапала со снег и ги сушеа на огнот за барем малку да ги стоплат пред да ги навлечат повторно чизмите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како и сите други, веќе неколку дена се немаше измиено и пресоблечено и одвреме-навреме од студ не ги чувствуваше нозете спакувани во чизмите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не се тие лесни девојки“, ѝ рече кога се разделуваа, а таа знаеше дека следниот ден, во „комбинованата“ соба ќе бидат наредени, како по стар муслимански обичај, сите подароци, обесени на закачалки врз корнизот, за да може да ги покаже, како и букетите спакувани во целофан и наредени накосо на сите долапи во регалот, нормално без вода.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Последниот меил од него го добив во 2005 или 2006 година.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не оти тој немаше пари да си купи... секогаш кога доаѓаше на себе имаше фармарки и половина Германија со себе спакувана во подароци.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Британика, спакувана во три тешки пакети, му ја испорачаа во станот токму кога го заврши ручекот и се чувствуваше „презреан“ за да оди да си легне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Оттука на сите четири страни се простираат булеварите на босоногите и гладните: децата уште не цапнати во школото на животот си играат куцкамен, а утре како тупамароси, маоисти, фиделисти и геваристи ќе продаваат визии за иднината спакувани во шеќерна волна.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Не дека не чуле за разочарувањата на трагачите по белосветски тајни ама сакаа лично од Моцарт да чујат како сиве овие векови го поднесува она што му се случува, а пред тоа, како што е редот да не се заборават кредитните картички со кои некако најлесно се купуваат тајните спакувани во црвени шестоаголна кутии на чијшто капак е сликата на Моцарт и со кои најубаво се облажува душата додека се труцкаат на задното седиште на автобусот забревтан кон скривалиштето на новите тајни.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Мислам на постелата со неговата присутна отсутност толку умешно спакувана во свечено одело.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)