специфичен (прид.) - задача (имн.)

„Веројатно Ное се наоѓа пред многу специфична задача“, се обидуваше Стариот писател да му го објасни ова на неприсутиот собеседник, не на мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бидејќи со тоа доверената ни задача а и нашите животи беа доведени во опасност, јас му наредив на нашиот човек двајцата да ги ликвидира заради што му го дадов моето лесно оружје што Вие ми го доделивте поради поголема практичност во извршувањето на нашата специфична задача.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Формирањето на СОЕ во летото 1940 година претставувало новост, бидејќи никогаш дотогаш не постоело едно тело кое било формирано и организирано со специфична задача да води акции и операции од таков тип на непријателска територија, на територија под непријателска окупација и во неутрални земји.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)