специјален (прид.) - ефект (имн.)

Киберпанкерите понекогаш можат да бидат во „системот”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Киберпанкерите се пронаоѓачи, инвентивни писатели, гранични уметници, филмски режисери што се впуштаат во ризик, композитори иноватори, независни научници, техно-креативци, одредени менаџери, компјутерски визионери, елегантни хакери, бит адепти, творци на специјални ефекти, видео-волшебници, неуро-пилоти, истражувачи на медиите - сите оние што храбро ги складиштат идеите и ги насочуваат таму некаде надвор, кадешто човечката мисла сè уште не ги допрела.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тука е собран целиот Њујорк и неговото мистичко гледање на декаденцијата: сите специјални ефекти, од сублимираната вертикалност до гнилежот на тлото, сите специјални ефекти на измешаност на расите и царствата, тоа е четвртата димензија на градот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не обрнувајќи внимание на филмот кој повеќе или помалку се одвива на платното во авионот (и кој пригодно е стопиран среде една сцена на потера со специјални ефекти), се потчукнуваме со рабовите на чашите при при­душе­ната светлина на кабината и наздравуваме на Нашата Приказна До Сега, која можеби допрва почнува благодарејќи на тоа што обајцата забележавме дека нејзиниот/мојот привлечен сосед во списанието на авио-компанијата ја гледа истата илустрирана статија - „Островски засолништа”, да речеме дека се вика - и во еден забавен разговор откриваме дека обај­цата во едно претходно животно поглавје еднаш сме престојувале во оми­леното засолниште на оној другиот, речиси иако не баш во исто време, но заправо во ист хотелски комплекс, Кајо Олвидадо, и, освен тоа - пази сега - дека обајцата во текот на тие романтични ескапади (едниот тогашен пар бил венчан, но не на меден месец, другиот бил на меден месец, но не и венчан), нуркајќи долж коралниот гебен близу до плажата сме пронашле и земале по една страница искината, одлепена или на друг начин одвоена од некој роман во мек повез и ставена во шише како повик за помош; нејзината била сува како коска, на дното на морето, во добро затворено мало шише од рум поради необјасниви причини до пола наполнето со камчиња за да потоне, а неговата парадоксално плуташе во исто така добро затворено бардаче за вино полно со морска вода и поставено на суво место високо на коралниот гребен. Quelle coincedence! Quel симпатична средба, сега кога се сретнавме!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Со филмски специјални ефекти би можело да се симулира психоделична состојба на свеста, мултиплицирање, симултаност, преоптовареност, итн.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)