специјален (прид.) - продавница (имн.)

Само за големците не беше така. Тие ја имаа таа специјална продавница во која се наоѓаше тоа што за нас обичните луѓе ни на сон го немаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во овој хотелски комплекс има сè што му треба на патникот: и грилови од нога, самопослуги, каде што цените се многу прифатливи, специјални продавници во кои може да се купува стока за конвертибилна валута.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Наскоро, кога почна да ја испраќа па и да оди со неа, офицерот им носеше дома по некој пакет прехранбени продукти од специјалната продавница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)