специјален (прид.) - воен (прид.)

Одродени, откинати од татко, мајка,од вера, од браќа и сестри, од сите свои уште како деца на воз­раст од 12 до 15 години, во името на законот, односно данокот во крв наречен девшурме (одбирање), ги учеле во Цариград, во специјални воени училишта, на сите воени вештини, па кога ќе завршеле, стапувале во елитните воени единици како јаничари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Српската врховна команда во составот на „Народната одбрана“ имала 30 македонски доброволечки чети, со вкупно 400 четници, од кои 300 Македонци. Командниот кадар бил српски.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Подоцна штабот бил преименува во Штаб на специјални воени формации (Македонски ополченици), со вкупно 12 бригади од кои 10 македонски бригади со 12.000 македонски доброволци.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)