спокоен (прид.) - себичност (имн.)

Без разлика колку и добро да познавате нечија уметност, секогаш кога ѝ се навраќате таа повторно извира пред вас како нова, врз основа на новиот контекст, бидејќи вие сте изменети од минатиот пат, а и светот исто така.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Всушност, колку што се сеќавам, тоа беа Ендиевите непријатели, целата P.T.I. of American Culture, што егзистираа, работеа и страдаа и умреа во мое име.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вака, размислувајќи за Енди Ворхол веќе не знам по кој пат, по повод отворањето на неговиот музеј, изненаден сум колку освежувачки и убаво изгледа неговата спокојна себичност гледано од тука - колку поучно и ефикасно изгледа неговата себе-промоција во овој посебен културен момент - кога толку многу амбиција извира од претенциозната машина на непристрасната доблест. (...)Колку прекрасно изгледа гледано оттука: една чудна птица како што е Ендрју Ворхола да има толкаво срце и волја, воден од силната желба - неразнишана од метадоблестите на високата култура, да работи толку упорно за да ја оствари својата единствена цел - да го направи светот безбеден за “Енди Ворхол”, l ‘homme nouveau.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)