спорен (прид.) - зона (имн.)

Се дозна дека меѓународна комисија треба да дојде за да ја разграничи спорната зона. И еве најпосле, таа дојде.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
За да не дојде до војна, Франција предложи и двете војски да се повлечат од границата и да се остави спорната зона слободна.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А вестите се редеа: Конференцијата на амбасадорите во Лондон, врз основа на извештајот на Комисијата на 6 декември 1922 година одлучила спорната зона да ѝ се додели на Албанија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од него зависи... Кај ќе припадне тој - и селово... Сета спорна зона...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се дозна дека селото спаѓа во спорната зона која своевремено големите сили ѝ ја уцртале на Албанија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)