спорен (прид.) - прашање (имн.)

Првин дури и во називот на турцизмите има спорни прашања!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првостепениот суд е должен да ги изведе сите парнични дејствија и да ги расправи сите спорни прашања на кои укажал второстепениот суд во своето решение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
50. И вистина, веднаш по Востанието, по студентските бранувања за српско-бугарско зближување за сметка на Македонија, беше потпишан таен „Сојузен договор помеѓу Кнежество Бугарија и Кралство Србија“ на 30.3.1903 год. со „Заклучен протокол“ од следниот ден, каде што рускиот император се признаваше како арбитар за сите спорни прашања што би искрснале во врска со придобивките од војната со Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Второстепениот суд ќе му ги врати сите списи на првостепениот суд во доволен број заверени преписи на својата од- лука заради доставување на странките и на другите заинтересирани лица (чл. 365, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
51. Токму тоа и се случи подоцна: првин се одеше кон поделба на Македонија на сфери за влијание, а потоа кон поделба на териториите, коешто и доведе до новиот “Договор за пријателство и сојуз помеѓу Кралство Србија и Царство Бугарија” од 29.2.1912 год. што всушност, како што вели М.Миловановиќ, беше “српско-бугарско-руска балканска спогодба”, бидејќи беше постигнат со активното посредство на Русија и бидејќи пак рускиот император беше признат како врховен арбитар за сите спорни прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)