спроведен (прид.) - во (предл.)

На платното во големата хала со поставен вагон, почнуваат да се нижат живи слики од рација спроведена во некој од европските градови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Така, сите одлуки што беа донесени во овој период се одлуки коишто се изготвени во Скопје, а потоа само на еден брз и формално-правен начин, се спроведени во Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Раководителите во Битола се само марионети кои ги спроведуваат веќе изготвените одлуки од Скопје, без притоа да имаат и најмала можност за донесување сопствени одлуки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)