спротивен (прид.) - насока (имн.)

Повторно ќе ви го наведам Ортега и Гасет, кај нас долго забранет мислител: „Национализмот секогаш е поттик во спротивна насока од начелото што ја создава нацијата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таа сакаше да побрзаат назад по патот по кој беа дошле и да почнат да ги бараат другите во спротивната насока.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Добро“, рече Вулкански, но вниманието на г. Абов веќе беше насочено во сосема спротивна насока...
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Отсекогаш се знае дека - ако го располовиш Битието по средина, ако настојуваш да го грабнеш ова, а да го оставиш на страна она, ако се држиш до доброто а го избегнуваш злото, ако заради едно се откажуваш од друго - замавот на злото, сега двојно повеќе кобен, ќе се сврти во спротивна насока, ќе го впие длабоко во себе и ќе го претвори во зло.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А јас, како број 1, свртена на истиот правец во спротивна насока, пишувам со кратенки, за да не ме разберат другите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
...големиот закон на природноста наспроти квадрантите промислата наспроти оправдувањето лебедот наспроти кристалот крв слободна од телото се простира пред окото зад извикот таму каде чека твојата сребрена чевличка твојот заден траг... знаците од сонот или сонувачите како алтернативци ...отежната од змиските клопчиња гранките се веднат скоро до паднатите лисја зошто оттаму од живите шуми ме потсеќаш на своите боси стопала јас не сум лошиот родител ниту ти оставеното дете тие чудовишни црнобели слики се сосема предвидлива компензација за отсатноста сонот место допир декорот го бираме наизменично ноќва се моите змии шумите следната ноќ возењето во спротивна насока распарченото тело на асфалтот крваво што го љубиш осветлена во трикото на невина балерина потоа јас летот над градот по ехото на твојот глас па ти појадокот во природа со заборавените заеднички пријатели...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Сепак некоја идна капетанова ќерка повторно да повторно ќе ги засака огреаните тела на непостоечката дивина... едно пливачко попладне или дали еволутивниот премин од водата кон копното претходно подразбира ист таков напреден чекор во спротивна насока ...влези во водата зарем не гледаш дека крвариш се насмевнува тате секогаш во право потрчај кон лековитите бранови нурни се јас со силното татковско тело ќе те дочекам ќе те сочувам од рефлекторите го намокрувам стапалото поспано ме допираат водените стопрсти мојата црвена крв потечува низ нивните сината низ моите вени нагоре над коленото толку лесно не боли тато пази на сѐ риба сум малечка засолнета во устата на таткото поаѓаме по топлите струи кон југ кон југ кон југ... но што сега се насмевнува ако те исфрлам од утробата до кога ќе се сокриваш во мене до кога ќе бидеш глува слепа ме турка ме истуркува од себе немој врескам тој немилосрден е немилосрден е ме протерува пливај сама нуркај сама храни се сама љуби сама греши сама сама сама... повторно на брегот на карпите со сонцето на влажниот стомак го чекам да се врати од водите од подводните пештери да ми ја залеп левата шака на старото место потполно сочувана сите живци капилари мускулчиња секое движење стисок допир само тате да плукне на раната ќе се врати отсечената шака пак ќе су негова негова негова негова негова...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
боејќи, еритроцити или со нејзината крв до сопственото ослободување ...можеш да си одиш и велам на онаа другата со парченцето памук на показалецот ние остануваме на балот до полноќ можеби со иронична насмевка веќе безгласносе оделува од блескавиот предмет наречен микроскоп во сосема спротивна насока... ...далечините се тука и водите и копното пловечки распрснати сонца пробудени острови гладни што се впиваат едни во други...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Дури и Влаинката, која, за да не се струполи, го фати под рака мажот си, па и Марин Крусиќ, - дури и тие, по мала недоумица, се упатија во спротивна насока преку мостот кон Каршијак, иако патот не им беше натаму.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За него беше важно да ја пренесе пораката, се разбира усна, а не писмена со последици, да ја направи средбата божем случајна, како судир на двајца сопатници што одат во спротивни насоки, и со тоа да се сврши сѐ, без некој отстрана да забележи нешто сомнително.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Па така, постариот син тргна по стапалките на татка си и отиде во средноуметничко училиште, а помалиот се упати во спротивна насока и се запиша во средноекономско училиште.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но, по овој прв „бран“ на намалување на казните, следуваше втор „бран“ во спротивна насока – на нивно зголемување!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако тргнеме во спротивни насоки не довикувај ме повеќе, заминувам, оставајќи на судбината: „така требало да биде“ Не доаѓај повеќе да ја собираш дождовницата од пресушените очи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Па си велам: Будалче, не размислувај... денот ќе си го расипеш... есенската прошетка во Сарај.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во спротивна насока можеш сосила да ја движиш, ама ќе го расипеш часовникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мора токму така да си врви, како што се движи стрелката на часовникот - одлево надесно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По мал застој, Луков го почнува движењето по истата врвица, но сега во спротивна насока.) Во ред.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Имаа прекршен изглед кој се добива кога некоја крута хартија, веќе свиткана и притисната со преса, се превиткува во спротивна насока, по должината на истите рабови што го сочинувале првобитниот преклоп.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За себе, многу подоцна, кога повтор­но ќе ја мине границата, само во спротивна насока, ќе рече дека таа самата била граница чии клучеви ги носела со себе!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Цицерон патувал низ овој пат, кон Балканот, а свети Павле патувал низ него во спротивната насока.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гласот престана и лошо велеше знакот Во спротивна насока од времето летаа птици И црешите што пред тоа фрлија плод изгореа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Можно е, како што сугерира филозофот Енди Кларк, дека нашите умови се мешавини од различни видови на интелигенција: некои интелигентни способности произлегуваат од децентрализирани и паралелни, а други од централизирани и секвенцијални процеси. 38 okno.mk Мрежа и хиерархија Еден корисен начин да се размислува за овој проблем е на еволуцијата на човечкиот ум да се гледа како на процес сличен на процесите на симболичката ВИ, но во спротивна насока.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)