спуштен (прид.) - завеса (имн.)

XXII Уште еднаш беше спуштена завесата на дополнителниот чин на траги – саркастичната фарса на Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Уште во муграта, кога виделината одвај пробива преку спуштените завеси, Арсо ја пушта раката под перницата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пешаци и луѓе на ве­лосипеди од сите страни и одвреме навреме минува мерцедес со спуштени завеси, пролетува стреловито низ плоштадот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Утрото го помина испружен на каучот, со спуштени завеси, во молитва.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога заврши претставата, со грмеж во салата (дали како сценски ефект или како ровја над градот, не беше јасно), а светлата се запалија во гледалиштето, актерите излегоа пред спуштената завеса, избледена и излитена, па долго и длабоко се поклонуваа пред публиката измамувајќи само млак, пристоен но повремен аплауз.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На Рада тие два часа ѝ беа доволни да види и да прочепка, да открие што се крие зад спуштената завеса на нејзините чувства.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)