среден (прид.) - брат (имн.)

Потоа, многу пожртвувано и чесно на сцената настапи Тони Дамевски да му помогне достоинствено да умре.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тогаш го најдовме и плишаното зајче што чичко ми Трајко (средниот брат на татко ни) ми го купи кога бев мала, со кое играа и Димитар (синот на Татјана, мојот внук) и Филип (внукот на Татјана и братучедот на Димитар).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Доника, нашата баба од која Татјана ја наследи бојата на очите и уште некои црти на лицето кои кога порасна добија друга димензија, беше најхрабрата жена во семејството на Кривошееви.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Беше миленичка на средниот брат на татко ми, Трајко Кривошеев, нашиот чичко.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Средниот брат го подучуваше математика, и го криеше кога ќе направеше некоја ненамерна пакост.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Средниот брат влегол под шаторот многу нерасположен и грубо ѝ наредил на жена си да му ги собуе чизмите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Жената на средниот брат ја наполнила тавлијата со алишта и тргнала, па клекнала пред жената на најстариот: „Сестро, ѝ рекла, сестро мила, денес јас сум редница, мене ми е редот да им однесам храна на мажите, арно ама маж ми ми рече оти ќе ме убие ако не му ја исперам преслеката, а тавлијава ми е полна, дури и преполна.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најстариот брат се вратил дома цврсто решен ништо да не ѝ кажува на својата караконџола, чии милувања веќе не можел да ги поднесе и чија распупена убавина веќе не ја ценел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оди, мила наша, а ние ќе ти ја наполниме таблата со турли-турли јадења, мажите со насмевка да те пречекаат, тебе аберџијке, што ќе им ја заголнеш душата.’ И така ја наполниле таблата со езерски риби прелиени со мед и со суво грозје, со сарма од лист од винова лоза, со сирење од немркана овца и со слатки од бадеми.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)