среден (прид.) - возраст (имн.)

Жената, на средна возраст, ни кажа дека се вика Параскева и дека била сопруга на капетан Кикола, а тој капетан е познат во Аспровалта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По извесно време влегоа кај кадијата двајца луѓе во средна возраст, богато, но по каурски облечени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На средна возраст, запознав еден човек за кого сите што го познаваа велеа дека ,,зорле“ живее.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
ЛИЦА САЗДО - Крупно мажиште, средна возраст; во железничка униформа, ноншалантно облечен, често распетлан; питом карактер, природно интелигентен.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
На говорницата излезе претставникот од Заводот за здравствена заштита, докторка на средна возраст.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)