среден (прид.) - исток (имн.)

Откако ја вкусија и пофалија мајсторски подготвената баклава, Камилски се најде повикан да се доискаже за потеклото на баклавата: Постојат тврдења дека баклавата прв пат се појавила во Централна Азија, според други во античка Грција, а според трети во Сирија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
2. Да се спречи, колку што е можно повеќе, секое германско движење преку Балканот насочено против Турција, Русија или Средниот Исток.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
5 За исполнување на овие задачи биле формирани ограноци на СОЕ во Каиро за одделни земји кои ја насочувале својата активност во координација со Врховната команда на Средниот Исток.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Брзо дозна дека баклавата (од персиски blave) била традиционално познат заеднички десерт на сите народи на Персија и на Османската Империја, но станал и национален колач на сите земји на Балканот, на Средниот Исток и Магреб, а се проширил и во Грузија, Ерменија, Кипар...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За исполнување на овие задачи биле формирани ограноци на СОЕ во Каиро за одделни земји кои ја насочувале својата активност во координација со Врховната команда на Средниот Исток.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
54 На 3 октомври 1929 година, според Законот „за името и поделбата на Кралството на управни подрачја, службеното име на Кралството на СХС се преименува во Кралство Југославија, а општата управа на Кралството Југославија се врши по бановини, околии и општини.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)