среден (прид.) - училиште (имн.)

По завршените средни училишта, по некаков воспоставен ред, сите се вработуваа и истовремено студираа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Корисниците - и 10-те проценти на учениците од средните училишта кои барем еднаш пробале - се чувствуваат еуфорично, емотивно и пријателски.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
П.С. Со незапишување на вашето дете во основно и средно училиште вие заштедувате многу нерви, пари и години, но и создавате одлични услови да стане успешен шверцер во системот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Потоа, продолжи Вера, - таа му раскажала за другарувањето со неговата другарка и за тоа колку им било тешко да се разделат кога решиле да одат, во различни средни училишта.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Веќе ти средив да се најдеш со едно фино дете, едно од ретките кое живее во населбата и годинава се запиша во средно училиште.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Триесетгодишниот самоук Jaron Lanier, којшто не завршил ни средно училиште, ни факултет, бил измислувач на компјутерски игри, што се денес неспоредливо покомплексни отколку во времето на првите домашни компјутери. 94 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таа го овластува директорот на основното/ средното училиште, откако ќе добие согласност од градоначалникот, а за државните училишта од министерот, да го обезбеди остварувањето на воспитно-образовната работа преку замена на вработените кои штрајкуваат, за времето додека трае штрајкот (чл. 3, ЗИДЗОО/септ.14, чл. 1, ЗИДЗСО/септ.14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во периодот 2010-2014 година преку законите кои претходно не беа анализирани во студијата дојде до следните две поважни намалувања на правата на работниците во однос на остварувањето на правото на штрајк: прво, на припадниците на судската полиција им беше наметната обврска да штрајкуваат на начин на кој, меѓу другото, нема да се нарушува редовното извршување на работата, а со што фактички дојде до негирање на нивното право на штрајк и, второ, во основните и средните училишта директорите беа овластени, за време на штрајкот, да обезбедат замена на вработените кои штрајкуваат.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Елена се сеќаваше на Марија од втората година на средното училиште.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во акциите за пошумување секогаш настапуваме заеднички: Шумското стопанство „Осогово“, јавното комунално претпријатие „Водовод“, Водостопанското претпријатие „Брегалница“, ученици - млади екологисти од основните и средните училишта во градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во Битола - масовен и успешен еколошки ден: 18 000 ученици од основните и средните училишта изведоа низа еколошки активности за поубава и поздрава средина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Пролетниот Еко - ден во Охрид активира над 10 000 ученици од основните и средните училишта, студенти од Факултетот за туризам и угостителство, припадници на АРМ, па и вработени во разни стопански претпријатија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога заврши училишната година и кога учениците започнаа д се запишуваат во средни училишта Дарко и Лорета решија да се запишат во исто училиште.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кога се одделив од семејството, формирајќи го сопственото, не отстапувајќи од правилото по завршеното средно училиште да се даде извесен влог во семејството, се вработив како новинар и продолжив, од своите хонорари кои ги добивав, да одделувам за моите родители.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)