среден (прид.) - стручен (прид.)

Но, во еден период, додека работеше во судот, пред самото откривање насиџилите, кога и материјалната и работната позиција многу му се нишаа, во времето кога ја одби и последната можна понуда да стапи во Партијата, кога одново започна да се пребарува во неговото минато, тој мислеше дека само еден Орден, дури и од најнискиот ред, ќе може да му ја измени позицијата, да им отвори добри перспективи во школувањето на постарите деца кои ги ориентираше кон средните стручни училишта, што поскоро да се здобијат со свое парче леб.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но велеше дека за нас, туѓинците, кои првин секогаш ќе си имаме проблеми со јазикот на другите, беше најдобро да се определиме за средните стручни, технички или медицински училишта, оти така ќе си ги решевме однапред главните проблеми кои подоцна не ќе ни ги комплицираат животите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потоа рече: „Уште од почетокот на оваа година, кога за директор кај нас дојде другарот Јован Граматниковски, на местото на другарот Едо Бранов, барав да ми се признае квалификација односно средна стручна спрема.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)