средоземен (прид.) - море (имн.)

Во мигот ништо не одговори, но синтагмата под нож, часум го пренесе во скоро изминатото време на масакрот на невините кози, во името на брзиот прогрес кој треба да го донесат козарите лишени од нивните кутри кози, како работничка класа; на затворениот пат на јагулите од Езерото, на пат кон Средоземното Море и Атлантскиот Океан; и на сите други забрани од тие времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чанга не можеше да одреди каде цели татко, замислено трагајќи по директната врска помеѓу козите и балканските јаничари, па рече, повеќе за себе: – И во сите тешки времиња на Балканот козите секогаш биле со луѓето? – Да – прифати татко ми – козите биле со луѓето во сите тешки времиња на Балканот, пошироко во земјите на Средоземното Море, на Балканот и Далечниот Исток.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Излезот на Средоземното Море, таа татковина на човештвото, ме оддалечуваше од мачната реалност на албанското копно.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Средоземното Море овде ни се предава со сите нијанси на својата сина раскош.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ми се враќа во сеќавањето моето некогашно патување во Типаза, во јужниот алжирски дел на Средоземното Море.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)