среќен (прид.) - живот (имн.)

Во таа смисла, тој во своите Исповеди, покрај останатото, ги пишува и следниве редови: “Еве го мелемот за сите човечки страдања, еве ја тајната на среќниот живот во моментот на нејзиното откривање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Низ цела Океанија утрово имаше незадржливи спонтани демонстрации, кога работниците излегоа од фабриките и од канцелариите и парадираа низ улиците со пароли што ја изразуваа нивната благодарност кон Големиот Брат за новиот, среќен живот што ни го подари неговото мудро раководство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Реченицата „новиот, среќен живот“ беше повторена неколкупати.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А таа, како родена повторно, не можеше да си прости што толку време му била верна и приврзана на слепиот маж не гледајќи дека животот и младоста ѝ бегаа и дека се ронат низ прстите годините преправајќи се дека сето тоа таа нормално го прима и доживува, прилагодувајќи ѝ се на судбината да живее со слеп маж и молејќи му се на бога да му го врати видот, да им го врати оној среќен живот што го имаа пред неговото ослепување.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога се омажило за тој човек заживеале многу среќен живот. Но, за жал, тоа не траело долго.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа болка целосно му припаѓаше на минатото и немаше никаква врска со нејзиниот нов и среќен живот со Даниел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Александар разбра во целост и донесе репортажа што го покажуваше среќниот живот во ветеранската населба, каде поранешните ветерани се собираат пред уредно искосените тревници на нивните куќи, за пријателски да разговараат и да евоцираат спомени од времето кога беа во активна служба на гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Под моќната заштита на НВ Султанот сега во градот владее целосен мир и поредок, секој жител си ја врши својата работа и не престанува да се моли за долг и среќен живот на нашиот возвишен господар султанот Хамид-Хан"162.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да се родев пред сто години, сега ќе бев мртов и ќе имав живеано среќен живот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)